Беатриз Фламини, екстремна спортистка од Шпанија излезе на површина откако помина 500 дена во пештера во близина на Гранада на длабочина од 70 метри без контакт со надворешниот свет.
Ова беше експеримент внимателно следен од научниците кои сакаат да научат повеќе за способностите на човечкиот ум и деноноќниот ритам.
Беатриз Фламини, 50-годишна спортистка, планинар и алпинист, го собори светскиот рекорд за време поминато во пештера, тврди нејзиниот тим за поддршка.
Имала 48 години кога се симнала во пештерата, а два родендени прославила сама под земја.
Таа го започна својот предизвик на 20 ноември 2021 година, пред избувнувањето на војната во Украина, економската криза, укинувањето на задолжителното носење маски во Шпанија и смртта на британската кралица Елизабета Втора, пишуваат шпанските медиуми.

Медиумското покривање за нејзиното излегување од пештерата беше ограничено. Националниот телевизиски канал TVE ја сними како носи темни очила и ја гушка екипата.
INSUPERABLE
— La 1 (@La1_tve) April 14, 2023
Así es cómo ha calificado la experiencia Beatriz Flamini tras 500 días aislada en una cueva #LaHora14A
⭕️https://t.co/fDEwRci48i pic.twitter.com/WSlQP1ETff
Таа го опиша своето искуство како „одлично, непобедливо“. Новинарите ја прашаа за повеќе детали, па таа одговори: „Молчев година и пол, не разговарав со никој освен со себе“.
„Ја губам рамнотежата, затоа ме држат. Ако ми дозволите да се истуширам, година ипол не сум допрела вода, се гледаме наскоро. Дали е тоа во ред?“, им порача таа на насобраните новинари.
Beatriz Flamini abandona la cueva en la que ha pasado 500 días a 70 metros de profundidad https://t.co/W2XU5eYbgg pic.twitter.com/nXR3eKL9zs
— La Hora de La 1 (@LaHoraTVE) April 14, 2023