Курти пристигнал во ненајавена посета на Тетово каде имал средба со Касами

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами со фотографии се пофали од денешната ненајавена посета на косовскиот премиер Албин Курти. Косовскиот премиер Курти остварил средба со тетовскиот градоначалник и лидер на БЕСА, Касами.

„Драг пријателе Албин, добредојдовте во Тетово, главниот албански центар во Македонија“, напиша најпрвин Касами на својот профил на Фејсбук.

Подоцна тетовскиот градоначалник објави дека на средбата разговарале за многу прашања во интерес на двете земји со цел соработка на централно и локално ниво.

„Оваа ненајавена посета уште еднаш ја потврдува нашата братска врска“, потенцира Касами.

Засега нема официјални информации кој е поводот за ненадејната посета на Курти во земјава.

Треба да знаете
Последни објави