По Новак Ѓоковиќ, мастерсот во Монте Карло остана и без вториот носител, Стефанос Циципас, кој е и двоен освојувач на пехарот од кнежеството.
Гркот денеска не можеше да се носи со најдобриот Американец на АТП-турнеата, Тејлор Фриц, кој го совлада со 6-2, 6-4. Ова беше трета победа на, моментно десеттиот на светот во шестиот дуел против Циципас, но прва на земјена подлога.
Во полуфиналето, Фриц ќе игра против петтиот носител, Андреј Рубљов, кој немаше проблеми против стотиот на светот, Јан-Ленард Штруф и го совлада со 6-1, 7-6(5). За второто полуфинале во Монте Карло попладнево ќе се борат Медведев и Руне, Мусети и Синер.