Во Србија нова пресметка во маркет овојпат за евтино месо

Во познат синџир супермаркети во Неготин настана општ хаос поради, верувале или не, месо. На социјалните мрежи се појави и снимка од тепачката меѓу граѓани на која се гледа како луѓето го грабнуваат пакувано месо во дрвени гајби.

И постарите и помладите граѓани можат да се видат на видео кое стана вирално на социјалните мрежи, со луѓе кои се прескокнуваат еден со друг за да добијат пакет месо за себе. Некои си земаа неколку парчиња со себе, а еден господин падна во одреден момент од тепачката за месото.

Еден од вработените го подигнал старецот кој паднал, но борбата за месото не престанала тука.

Ова не е првпат кај северниот сосед да има трпачка за ефтини продукти. Ваква тепачка се случи и пред една недела кога во познат маркет муштериите се степаа за ќебапи.

Видеото може да го погледнете на овој линк.

Треба да знаете
Последни објави