Серија од пет меча без победа со трет пораз во низа е разочарувачки скор за Челзи, каде очигледно не помага и шок терапијата со смената на тренерската клупа од која замина Грахам Потер, а на жешкото столче седна повртаникот Френк Лампард. И оваа промена не му помогна на англиски премиерлигаш Челзи, бидејќи под палката на Лампард нема победа, три порази, овојпат на „Стемфорд Бриџ“ студен туш им приреди Брајтон (1:2).
А мечот одлично почна за Челзи, поведоа со гол на Галагер во 13. минута. Во финишот од првиот дел Велбек изедначи на 1:1, а во 70. минута Енцисо со прекрасен гол ја обезбеди победа за Брајтон (2:1).
Тотенхем за миг помисли дека се спаси од пораз против Борнмут, но го загуби мечот во судиското продолжение. И на овој меч фаворитот поведе со 1:0, голот го постигна Сон во 14. минута, а во 38. Вина изедначи на 1:1. По шест минути игра во вториот дел Соланке погоди за предност од 2:1 за Борнмут, во 88. минута Данџума реализираше за 2:2. Се чинеше дека нерешено ќе заврши мечот, но тогаш Борнмут со гол на нововлезениот Куатара победи со 3:2.
Вулвс со 2:0 го совлада Бренфрод. А еден од погодоците беше дело на Диего Коста, кој го постигна својот прв гол за овој тим.
Фулам со 3:1 го победи Евертон на „Гудисон парк“, гостински триумф забележа и Кристал Палас кој го совлада Саутемптон со 2:0.