Новинарот на „Волстрит журнал“ уапсен во Русија испратил писмо до семејството во САД

Новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, уапсен во Русија, испратил писмо на руски јазик до неговото семејство во САД, кое живее во Филаделфија, Пенсилванија, пренесува РИА Новости.

„Сакам да кажам дека не губам надеж. Читам. Вежбам. И се обидувам да пишувам. Можеби, конечно, ќе напишам нешто добро”, се наведува во писмото.

Пораката е со датум 5 април и е потпишана со името на Вања. Гершкович го напишал на руски, бидејќи неговите родители се советски емигранти. Се истакнува дека ова е прв контакт на новинарот со семејството по апсењето.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) на 30 март објави дека го уапсила Гершкович во градот Екатеринбург и го обвини за шпионажа за наводно собирање државни тајни за воено-индустрискиот комплекс на земјата.

Треба да знаете
Последни објави