Филип Талески се сели во Бенфика

Македонскиот репрезентативец Филип Талески од следната сезона одново ќе стане интернационалец, барем според португалските медиуми, пренесува 24 Ракомет.мк.

„О Жого“ пишува дека Талески е пред преселба во португалскиот тим Бенфика, ланскиот освојувач на трофејот во Лигата на Европа.
Талески е дете на Металург, настапуваше за бундеслигашите Рајн Некар Левен и Балинген, а по камбекот во Македонија ја одработува третата сезона во Вардар.

Во Бенфика на левата бековска позиција во моментов игра српскиот репрезентативец Петар Ѓорѓиќ.

Покрај Талески, во Бенфика би требало да дојде и средниот бек на Агуаш Санташ, Руи Мигел Баптиста.

На тренерската позиција на местото на Чема Родригес, доаѓа досегашниот асистент на Раул во ПСЖ, Хавиер Хота Гонзалес.

Треба да знаете
Последни објави