По повод Светскиот ден на културното наследство – 18 Април ќе има бесплатен влез во сите музеи и локалитети низ државата, објави на фејсбук страната министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска.
“Македонската култура и уметност-богатство кое вреди да се погледне, почувствува и чува.
По повод Светскиот ден на културното наследство БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ во сите музеи и локалитети низ државата.
Дојдете, посетете и истражете на 18ти април.”-напиша Костадиновска – Стојчевска.