Поранешниот индиски пратеник осуден за киднапирање и неговиот брат се убиени во градот Прајаграџ во индиската држава Утар Прадеш. нападот врз нив беше емитуван на телевизија во живо.
Атик Ахмад и неговиот брат Ашраф Ахмад синоќа под полициска придружба се упатиле лекарски преглед, а пред болницата додека Атик давал изјава, биле застрелани од тројца мажи кои стоеле до новинарските екипи.
Атик Ахмад е во затвор од 2019 година, откако беше осуден за киднапирање. Тој четирипати беше пратеник во Утар Прадеш, а во 2004 година беше избран во индискиот парламент.
Вознемирувачко видео !!!