Фудбалерот на Лацио, Чиро Имобиле заработи скршеница на ребро и повреда на рбетот од сообраќајната несреќа која ја имаше во Рим, објавено е на сајтот од римскиот клуб.
Претходно беше објавено дека теренецот управуван од Имобиле удрил во трамвај во Рим.
Имобиле оваа сезона одигра 30 натпревари за Лацио во сите натпреварувања и постигна 12 гола и пет асистенции.