Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по повод денешниот христијански празник, Велигден, испрати честитка до сите православни верници со порака за обединување околу вистинските вредности, кои ќе нè движат напред.
– Споменот на Христовото воскресение е темел на христијанската вера која нè задолжува да сме обединети околу вистинските вредности, кои ќе нè движат напред и повикува на дела на грижа и солидарност во исполнувањето на задачите кои стојат пред нас, стои во честитката на Маричиќ.
Маричиќ на неговата официјална Фејсбук страница напиша дека со посветеност на натамошното градење на просперитетна и интегрирана Северна Македонија, пораката за обнова и живот треба да биде поттик и за заеднички пристап кон европската иднина и напредок на државата.
-Да се радуваме на победа на животот над смртта и светлината над темнината и доброто над злото, кои дават смисла на нашето постоење и ја зајакнуваат нашата верба и надеж. Нека е честит и благословен!, напиша Маричиќ.