Тетовското обвинителство поведе истрага против тетовскиот анестезеолог кој снимаше пациенти во тетовската болница, на одделот за гинекологија. Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице за кривични дела – Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.2 во врска со ст.1, како и Неовластено снимање според чл.152 ст.2 од Кривичниот законик“, велат од Обвинителството.
Тие додаваат: „Осомничениот, како службено лице – анестезиолог вработен во ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, неовластено направил снимка од пациенти и вработени и ја објавил во живо на социјална мрежа, со што постапил очигледно несовесно во вршењето на своите овластувања и должности и потешко ги повредил нивните права“.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Тетово вечерва достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.