Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска во Багдад ќе се сретне со ирачкиот колега Фуад Хусеин и премиерот Мохамед Чиа ал Судани, соопшти ирачкото Министерство за надворешни работи.
– Кулеба ќе престојува во Багдад за да разговара за зајакнување на билатералните односи, а ќе се разговара и за регионалните и меѓународни прашања, се наведува во соопштението на ирачкото МНР.
Посета на Кулеба уследи по минатонеделниот телефонски разговор помеѓу ирачкиот премиер ал Судани и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Од почетокот на руската инвазија врз Украина, Ирак одржува економски односи и до Киев и со Москва и се обидува да задржи неутрален став.