Се повеќе кинески делови во руско оружје, тврди Украина

Украинските сили наоѓаат зголемен број кинески делови во руското оружје што се користи во Украина, изјави за Ројтерс висок советник од кабинетот на претседателот Володимир Зеленски.

„Продолжуваме да наоѓаме разновидна електроника во оружјето пронајдено на бојното поле“, рече Владислав Власиук, кој го советува шефот на кабинетот на претседателот за политиката на санкции.

„Сега трендот е дека има помалку компоненти произведени на запад, но веќе не е тешко да се погоди која земја ги произведува компонентите. Се разбира, Кина“, рече Власиук преку видео повик.

Кина постојано негира дека испраќа воена опрема во Русија од почетокот на инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година.

Украинските експерти наведуваат дека во навигацискиот систем на дронот Орлан биле пронајдени компоненти од кинеско производство.

Треба да знаете
Последни објави