Со главниот руски пропаганден канал на социјалните мрежи „Донбас девушка“, познат по ширење на дезинформации за војната во Украина, раководи поранешната припадничка на американската морнарица Сара Билс, објави „Вол стрит џурнл“.
Каналот „Донбас девушка“ имаше клучна улога во ширење на доверливите разузнавачки документи, украдени од 21-годишниот припадникот на американската Национална гарда на воздушните сили, Џек Тешеира. Весникот тврди дека „Донбас девушка“ ги изменил доверливите документи пред објавувањето.
Билс (37) била во американската поморска воздушна база на островот Видбеј до крајот на минатата година. Таа пред два дена призна дека е администратор на „Донбас девушка“, дододавајќи оти уште 15 луѓе ширум светот се вклучени во водењето на мрежата „Донбас девушка“.
Таа одби да ги идентификува тие луѓе.
A major disinformation and Russian propaganda channel called "Donbass Devushka", which published a fake version of "secret Pentagon documents," is hosted by a former U.S. Navy officer who was recently discharged from military service.
— NEXTA (@nexta_tv) April 16, 2023
The "Mila Girl from Luhansk," who hosts… pic.twitter.com/e8JkIE3t8t
Сара Билс, разведена 37-годишна Американка од Њу Џерси беше разоткриена од членовите на „”North Atlantic Fella Organisation” (#NAFO), онлајн заедница која се бори против руската пропаганда.
Донбас Девушка се појави на социјалните мрежи откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во февруари минатата година. Таа изгради значителни следбеници појавувајќи се како лице на руската пропаганда, собирајќи пари за руската инвазија.
Нејзиниот Телеграмски канал објавува повеќе „забранети“ содржини, вклучувајќи мемиња, лажни слики и ултранасилство: како што е поддршката за убиството на американски доброволец кој отишол во Украина, видеа на мртви Украинци и видеа кои поддржуваат обезглавување на украински затвореник.
Користејќи различни псевдоними- CheburekiVibes, MeatballSubZero, YuGopnik, GhostofLugansk, таа собра 135.000 претплатници за нејзиниот подкаст, кој го емитува со „руски“ акцент.
Таа отвори канал на YouTube во јули минатата година, а потоа и друг профил на Твитер под името @Luganskforlife.
Исто така, барем на социјалните мрежи, таа тврди дека е експерт за геополитика и историја, како и дека студира на Факултетот за политика и глобални студии на Државниот универзитет во Аризона.
Исто така, нејасни се околностите под кои Билс ја напушти морнарицата.
Таа учествувала во сообраќајна несреќа со голема брзина, но тврдењата дека била отпуштена поради возење во алкохолизирана состојба не се потврдени и нема судски записи дека е кривично гонета.
Самата Билс тврди дека била „исфрлена“ од војската поради нејзините „левичарски ставови“.
Поранешните соработници изразија загриженост за нејзиното ментално здравје и ја нарекоа патолошка лажго. Нејзината мајка тврдела дека нејзината ќерка често измислува приказни.
Осомничениот за протекување на доверливи документи од Пентагон, пак, 21-годишниот припадникот на американската Национална гарда на воздушните сили, Џек Тешеира на 14 април беше изведен пред судот под обвинение дека незаконски копирал и задржал доверливи документи.
Тешеира останува во притвор до судењето, а сослушувањето за притвор е закажано на 19 април. Тој е обвинет за незаконско копирање и чување одбранбени разузнавачки податоци, кривично дело за кое може да биде осуден и до 10 години затвор.
Тој е обвинет и за друго кривично дело, за свесно преземање на доверливи документи и поставување на неовластена локација.
Доверливите документи Тешеира ги објавуваше на социјалната мрежа Дискорд. Се претпоставува дека тоа е најсериозното нарушување на безбедноста откако повеќе од 700.000 документи, видеа и дипломатски записи беа објавени на Викиликс во 2010 година.