Светското првенство во снукер беше прекинато поради голем инцидент кој се случи во легендарната Крусибл Театарот во Шефилд.
Момче и девојка-приврзаниците на организацијата „Just Stop Oil“ кои се борат за запирање на проектите со користење фосилни горива, ги прекинаа дуелите почнувајќи да се качуваат по масите.
И додека обезбедувањето прво се стрча кон девојката, зад параванот, на друга маса, нејзиниот „колега“ успеа да се качи и да истури портокалов прав на масата на која дотогаш играа Роберт Милкинс и Џо Пери.
Absolute madness at the snooker!! #WorldSnookerChampionship pic.twitter.com/VcpjkDVaoi
— Lee (@GoonerLee180) April 17, 2023