Италијанската војска заплени рекордна количина на кокаин расфрлан во пакети кои плуталево морето море кај источниот брег на Сицилија.
Дрогата била специјално спакувана за да не навлезе вода во пакетите за да не потонат, а дрогата вредна околу 400 милиони евра била сместена во 70 пловечки пакувања со речиси два тона кокаин.
Ова е најголемата количина досега запленета на едно место во Италија. Се претпоставува дека е оставен на море од еден или повеќе товарни бродови за да го „подигнат купувачите“.