Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на играчи за последните два квалификациски дуели, кои треба да го дадат патникот за Европското првенство 2024 година.
На списокот на Лазаров има дури 35 играчи, а Македонија во последните две кола ќе игра на гости против Луксембург (26 април) и дома против Турција (30 април).
На двата меча Македонија ја има фаворитската улога и треба да победи за да го продолжи континиутетот со пласман на големите ракометни натпреварувања.