Уапсениот американски новинар Еван Гершкович се појави пред судот во Москва за да вложи жалба на притворот кој му е одреден под обвинение за наводна шпионажа во Русија.
Рочиштето е процедурално и се однесува само на тоа како Гершкович ќе биде притворен во очекување на судењето.
Руската Федерална служба за безбедност го приведе американскиот новинар во Екатеринбург на 29 март и го обвини дека се обидел да добие доверливи информации за руска фабрика за оружје.
Новинарот на „Волстрит џурнал“ е првиот американски дописник од Студената војна кој е приведен во Русија поради наводна шпионажа.
Амбасадорката на САД во Русија Лин Трејси вчера го посети Гершкович и истакна дека „добро му оди“.