Анчелоти: Мисијата на Реал Мадрид е да ја освои Лигата на шампионите

Најтрофејниот тим со европски шампионски трофеи, шпанскиот Реал Мадрид со два гола предност вечерва (21 ч.) ќе му гостува на англискиот премиерлигаш Челзи на „Стемфорд бриџ“, на реванш мечот од четврт-финалето во фудбалската Лига на шампионите. Актуелниот е вропски првак Реал Мадрид го доби првиот меч со 2:0 и важи за фаворит во двомечот.

Тренерот на „кралевите“ Карло Анчелоти ги сподели очекувањата во пресрет на дуелот.

„Нѐ очекува важен натпревар во најважното натпреварување. Мора да одиграме перфектно, затоа што во рок од 90 минути сѐ може да се случи. Сепак, ние сме подготвени и максимално го респектираме“, изјави Анчелоти.

Италијанскиот стратег потенцира дека мисијата на „кралевите“ е да го одбранат трофејот освоен лани.

„Во Реал Мадрид целта е јасна, секогаш мора да победувате. Фудбалерите се должни да се борат до крај и да играат со сите сили. Ако, пак, се пласираме во полуфиналето, тогаш добро сме ја завршиле работата. Историјата зборува за тоа, дека Реал е „кралот“ на Лигата на шампионите. Ние сме само мал дел од овој клуб. Сигурно ќе се обидеме да додадеме уште еден на 14-те пехари во ова натпреварување“, истакна италијанскиот стратег.

Треба да знаете
Последни објави