Поради дојава за поставени бомби во Загреб, евакуирани се трговски центри и судови, пренесуваат хрватските медиуми.
Полицијата го евакуира просторот кај велесаемот, трговскиот центар „Авенија мол“, како и два други суда во Нов Загреб.
Од полицијата потврдија дека во тек е проверка на терен, јавува „Дневник.хр“.
„Евакуација во ‘Авенија мол’, сите мораа да се евакуираат, полицијата разговараше со обезбедувањето на приземјето. Беше кажано дека евакуацијата е поради пожар, но најверојатно се работи за дојава за бомба“, изјавија за „Индекс“.