Се зголемува поддршката за Македонска филхармонија, на страна на институцијата застанаа и поранешната директорка, Кармен Костова и израелскиот диригент, маестро ЈерухамШаровски
Познатиот македонски пијанист Дино Имери изнесе свој став во врска со сместувањето на Националниот оркестар за џез музика во Македонскафилхаронија. Според него, се работи за преседан што не смее да се повтори и одлука што треба да седонесе во согласност со сите професионални мерила.
„Денес сме сведоци на преседан кој не смее да се повтори во иднина, а треба веднашдабиде повлечен. Повредува леснотијата и површноста со која се носат значајни одлуки коидиректно влијаат на институциите и на вработените, но и на публиката. Да се донесе ипотврди одлука за сместувањето на новооформената национална установа Оркестар заЏез музика во објектот на НУ Филхармонија на РСМ без никаква претходнапрофесионална и темелна анализа на можностите, капацитетите и реалните состојби е вонајмала рака несериозно. Да се стори тоа без никаков дијалог и инволвираност одинституцијата која е најмногу засегната – НУ Филхармонија, тоа е незамисливо“, вели Имери.
Тој ја поздравува и се радува на одлуката за основање на новата национална установа, ноне се согласува со одлуката на Министерството за култура за прескокнување на Филхармонија во момент кога се одлучува за нејзината иднина. „Ги повикувамодговорните лица да станат и тие дел од нешто што е поголемо од нив иведнаш да ја стопираат нивната одлука. Последиците се веќе јасни – нарушенитемеѓучовечки односи и недоразбирања кои не би се ни појавиле доколку целиот процесбил направен како што треба. Одлуката дали новата институција треба да се смести воФилхармонија не треба да е предмет на дискусија на јавноста, на сите нас да јаподдржуваме или оспоруваме. Таа одлука требало да се донесе во склад со ситепрофесионални мерила. Филхармонија не е зграда. Филхармонија не е сопственост.Филхармонија е идеја, а идеите се отпорни дури и на куршуми“, потенцира Дино Имери.
Поранешната директорка на МакедонскатаФилхармонија, Кармен Костоваисто така се осврна на актуелниот спор.„Ништо не се создава и не се руши преку ноќ. Сметам дека проблемот соНационалниоторкестарзаџезмузикае создаден во старт од министерката за култура, која наложува работа на друга новосоздадена институција во веќе постоечката.Зборот на музичарите од филхармонијата треба да биде слушнат, бидејќи тие најдобро знаат низ што поминале во овие осум децении“, посочува Костова.
На прагот на 80 годишнината од постоењето на Филхармонија Костова изразува жалење за сегашните збиднувања и потенцира дека Македонска Филхармонија е бренд за кој треба сите да се грижиме. „Среќна сум што го гледам растот на Филхармонија од почетокот на нејзиното постоење до денеска.Како нејзин поранешен раководител ги знам сите проблеми со кои се среќавале и се среќаваат музичарите. Знам дека секој директор се вложил себеси во создавањето и работењето на Филхармонија, а за тоа говорат досегашните резултати“.
Поранешната директорка на Филхармонија го поставува прашањето зошто не можат да заживеат некои од студијата во МРТВ, кои се специјално направени за Биг Бенд оркестар, што значи дека и акустички одговараат за таква дејност.„Овие студија претставувале расадници на џез музиката и на џез музичарите во државата. Доколку се случи невиден преседан, се плашам дека Филхармонија ќе биде институција во која во иднина привремено ќе се сместуваат уште многу новосоздадени ансамбли, што никако не е добро и продуктивно. Треба да се слушнат и музичарите од Филхармонија кои се докажани професионалци во државата. Со меѓусебно осудување не можеме ништо да добиеме, само полека ќе си ги поткопуваме темелите кои сме ги создале. Се што е ново, треба да има свој простор за раст, но не на штета на веќе создаденото“, нагласува Кармен Костова.
Филхармонија добива поддршка и од странски уметници, а еден од оние кои упати јавна порака за новонастанатата ситуација е и израелскиот диригент,маестро ЈерухамШаровски.
„Имавзадоволство 20 годинидаработамсооркестаротнаМакедонскатафилхармонија, од 2003 година. Вотојпериод, имавмногуприликидадиригирамконцертивоМакедонија, како и намеѓународнитетурнеивоКинаво 2018 и воИзраелво 2019 година.Всушност, оркестаротима и официјалнапоканазаконцертнитурнеивоШпанијавоноември 2024, вклучувајќигиМадрид, Барселона и Валенсија, како и концертнафестивалот„ЕмилијаРомана” воИталија.Личносумбилсведоккакомакедонскиотфилхармонискиоркестарсекогашбилпрепознаткакомеѓународнопрвокласеноркестар и еднооднајзначајнитенаследства, претставувајќигинанајвисокотонивомакедонскатамузика, култура и образование.УбеденсумдекамакедонскатаВладаќепродолжидамугинудинаоркестаротнајдобриотпростор и условизаработазадагоосигураконтинуитетотнанеговатанационалнамисијакакоеднаоднајизвонреднитемакедонскииконивосветот“, вели Шаровски, кој во текот на својата кариерадиригиралсонад 50 оркестривоповеќеод 20 различниземји и соработувал со славните диригенти Зубин Мехта и Лорин Мазел.