Реал Мадрид може да му понуди соработка за следната фудбалска сезона на младиот стручњак Јулијан Нагелсман, кој е без ангажман откако неодман се раздели со германскиот првак Баерн Минхен. Според „Sky Sport“, мадридскиот клуб е заинтересиран за услугите на поранешниот тренер на Баерн. Германецот е во потесниот круг на стручњаци чие назначување Реал може да го разгледа во скоро време.
Забележано е дека Карло Анчелоти ќе си го задржи тренерското место во Реал Мадрид само доколку тимот ја освои Лигата на шампионите оваа сезона.
За ангажман на Нагелсман се заинтересирани и премиерлигашите Челзи и Тотенхем.