(Видео) Барселона прави терен за враќање на легендата Меси на „Камп Ноу“ 

Раководството на шпанскиот фудбалски гигант Барселона не крие дека сака да ја поправи својата грешка направен кон легендарниот играч, еден од најдобрите во светот Аргентинецот Лионел Меси. На „Камп Ноу“, веќе се прави терен за врќање на ленендарниот играч, а тоа некои навивачи на лидерот во шпанската фудбвалска Ла Лига го изнудија и од претседателот на клубот Жоан Лапорта, за време на мечот со Хетафе.

Лапорта одговори со кратко „ДА“ на прашањето дали Меси ќе се врати во Барселона. Оваа кампања за кам-бек на Меси во Барселона започна уште пред неколку седмици. Тренерот Чави Ернандез кој во својата играчка кариера настапуваше со виртуозот со топката Меси, отворено говореше за такво сценарио.

Вратите во Барса за враќање на легендарниот Аргентинец се отворени, а клубот продолжи да го привлекува Меси, со потсетување на неговиот незаборавен гол од 2017-та година.

Лео постигна незаборавен гол во стилот на Марадона на натпреварот против Хетафе, но видеото е уште пооригинално, бидејќи е објавено со уникатниот коментар на Хоаким Пујал.

– Енкара Меси, енкара Меси, енкара Меси……….

Треба да знаете
Последни објави