Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел соопшти дека амбасадорот на ЕУ во Судан бил нападнат во неговата резиденција.
„Ова е грубо кршење на Виенската конвенција. Безбедноста на дипломатите и персоналот е примарна одговорност на суданските власти и обврските според меѓународното право“, напиша Борел на Твитер.
Евроамбасадорот Ајдан О’Хара ја ретвитна објавата на Борел на својот профил.