Деарон Фокс првиот добитник на наградата „Џери Вест“-најдобар играч во решавачки моменти

Плејмејкерот на Сакраменто Кингс, Де’Арон Фокс е првиот добитник на новото признание во НБА кое се доделува на најдобриот играч во клучните моменти од играта, таканаречен „clutch“, која го носи името на легендата на Лос Анџелес Лејкерс, Џери Вест.

Фокс убедливо го освои првото место со 460 поени, а на првото место го ставија 91 од 100 гласачи. Бекот на Мајами Хит Џими Батлер заврши на второто место со 104 поени, а Демар Дерозан од Чикаго Булс беше трет со 80 поени.

„Тесни“ завршетоци или „clutch“ се сите ситуации кога разликата е пет поени или помалку во последните пет минути од натпреварот. Фокс оваа сезона во вакви ситуации постигна вкупно 194 кошеви, а три пати во текот на сезоната го постигна победничкиот кош во последните секунди од натпреварите.

Фокс го заврши регуларниот дел од сезоната со просек од 25 поени, шест асистенции, четири скокови и една украдена топка по натпревар.

„Секогаш велам дека не треба да се плашите од неуспех. Не можете да го погодите секој шут, но моите соиграчи и тренери ме доведоа во позиција тоа да го можам, така што најмалку што можам е да бидам самоуверен и да преземам одговорност за некои важни шутеви“, изјави 25-годишниот Фокс. 

Треба да знаете
Последни објави