На Јувентус ќе му бидат вратени одземените 15 бодови од Серија А

Јувентус добил добри вести дека нивната жалба за одземените 15 бодови во Серија А, ќе им бидат вратени. Жалбата е пред италијанскиот олимписки комитет, од каде стигнале позитивни вибрации за Старата дама.

Најавено е дека може да се донесе поништување на првичната одлука и да биде отворена нова постапка, за која че треба да помине подолго време, што значи дека најверојатно сезоната ќе заврши и Јувентус ќе биде на крајот со освоените 15 бодови кои му беа одземени во јануари.

Денеска неколку часа се разгледувала жалбата на Јувентус, а официјалната одлука се очекува да биде донесена утре. Доколку биде одлучено бодовите на Јувентус да му бидат вратени, најтрофејниот клуб во Италија кој моментално е на седмото место со 44 бодови, ќе скокне на третата позиција со 59 бодови и ќе биде во позиција за настап во Лигата на шампиони за следната сезона.

Треба да знаете
Последни објави