Битиќи: Историски рекорден износ на странски директни инвестиции во земјата од 753,8 милиони евра

Северна Македонија ја добива најголемата инвестиција од осамостојувањето, компанијата „Јагео“ во нашата земја ќе вложи повеќе од 200 милиони евра и ќе отвори 3.900 работни места во следните неколку години напиша Битиќи.

Доаѓањето на оваа инвестиција е резултат на добри политики за креирање на предвидлива бизнис клима која е важна за инвеститорите, доверлив партнер кој го имаат во Владата, членството во НАТО кое носи дополнителна стабилност и сето ова без скапи роад шоа, без потрошен ниеден денар од граѓаните.

Ова резултираше и со историски рекорден износ на странски директни инвестиции во земјата во износ од 753,8 милиони евра, за претходната 2022 година.
Инвеститорите кои доаѓаат во земјава, остануваат и ги шират своите бизниси, го зголемуваат бројот на вработени и креираат додадена вредност за нашата економија.

Добрите економски политики на оваа влада носат зголемен економски стандард за нашите граѓани, стабилни и добро платени работни места и простор за зголемување на нивната конкурентност на пазарот на труд.

Треба да знаете
Последни објави