Вистински хорор настанал кога лавови избегале од својот кафез за време на циркуска претстава, а публиката побегнала обидувајќи се да си го спаси животот. Едниот од лавовите успеал да излезе на улица, а другиот бил спречен.
Видео покажува лав кој стои пред паркинг простор додека преплашените набљудувачи коментираат.
„Боже, тој е до мојот автомобил“, вели еден сведок.
„Лавот стоеше на 10 метри од мене. Лудило“, раскажа друг очевидец.
Циркусот е привремено затворен за работа, јавуваат локалните медиуми.