Голден Стејт без Грин во третиот натпревар против Сакраменто 

Актуелниот НБА првак Голден Стејт се наоѓа во уште понезавидна состојба, откако нивниот стартер на позицијата крилен центар Дејмонд Грин е суспендиран еден натпревар поради исклучувањето што го „заработи“ на вториот натпревар од првиот круг во разигрувањето против Сакраменто. 

Третиот натпревар е на програмата ноќта меѓу четврток и петок во Сан Франциско, а победата е императив за Голден Стејт, бидејќи ниту една екипа во историјата на НБА не успеала да надомести негатива од 0-3 во серијата до четири победи. 

Грин е суспендиран поради инцидентот на вториот натпревар од плејофот против Сакраменто, кога на седум минути пред крајот на последната четвртина го згазна со стапалото во пределот на градите противничкиот играч Домантас Сабонис. 

„Суспензијата е делумно заснована на минатите неспортски грешки на Грин“, соопшти НБА лигата.

Треба да знаете
Последни објави