Нов земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.3 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала беше регистриран утрово во 4:22 часот на 74 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Свети Николе – Штип. Земјотресот бил почувствуван од населението во Штип и околината, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
![](https://arhiva.24info.mk/wp-content/uploads/2023/03/zemjotres-1.jpg)