Лазаров има на располагање пет пикери за дуелите со Луксембург и Турција

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров направи неколку рокади во списокот со кандидати за квалификациските дуели од групата за пламан на ЕП-2024, со Луксембург и Турција. На располагање за разлика од мартовскиот двомеч со Португалија ќе бидат Филип Талески и Гоце Георгиевски.

На списокот се најдоа дури пет пикери, кои ќе конкурираат за дуелот со Луксембург на 26 април. Давид Савревски се врати како трета опција на десен бек, поради повредата на Мартин Велковски.

Првиот собир на репрезентацијата е закажан за в недела, а прво гостуваме кај Луксембург на 26 април, а потоа во последното коло на 30-ти април ја пречекуваме Турција. Со две победи го обезбедуваме второто место на табелата и пласманот на Европското првенство во Германија идната година.

Треба да знаете
Последни објави