Мане ја заврши мисијата во Баерн

Сенегалецот Садио Мане ја заврши фудбачлската мисија во редовите на германскиот бундеслигаш Баерн. Мане кој пристигна на полетокот од сезоната во Минхен почна да ги одбројува последните недели од престојот во редовите на трофејниот Баерн. На лето речиси сигурно заминува, а инцидентот со Лерој Сане после мечот со Манчестер сити во ЛШ и тоа како ќе влијае врз неговата иднина.

Баерн Минхен го суспендира Мане за натпреварот со Хофенхајм во Бундеслигата, а сега германските медиуми откриваат дека голем дел од играчите му „свртеле грб“ и не комуницираат со Сенегалецот. Тоа е доволна причина за Мане после само една година мината во Минхен, да си оди од клубот.

И тренерот на Баерн, Томас Тухел веќе се откажал од неговите услуги, и е подготвен по завршувањето на сезоната да се откаже од него. Пред неколку дена се појави информација дека Мане изразил желба да се врати во Англија, и тоа во редовите на Ливерпул, но прашање е дали сега „црвените“ ќе сакаат да го вратат во ваква очајна форма.

Треба да знаете
Последни објави