Економските политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски даваат реални и видливи резултати. Денес, и во време на светска економска криза, македонската економија е стабилна, развојна и конкурентна.
Потврда за тоа е последната инвестиција во државава – инвестицијата на тајванската компанија Јагео која ќе инвестира 205 милиони евра во нови фабрики и ќе вработи 4.000 лица во ТИР зоните во Скопје и Штип.
Со ова, инвестицијата на Јагео станува најголемата странска директна инвестиција во независноста на државата.
Ова е уште една потврда за успешноста на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ, потврда дека македонската економија е препознаена како атрактивна за реномираните и високотехнолошки компании во светот.
СДСМ продолжува да реализира мерки и политики што обезбедуваат економски раст и подобар животен стандард за сите граѓани.
![](https://arhiva.24info.mk/wp-content/uploads/2023/02/d181d0b4d181d0bc-d0bfd0bed187d0b8d182-d0b7d0b0-d0bbd0b8d0bad0bed182-d0b8-d0b4d0b5d0bbd0bed182d0be-d0bdd0b0-d0b4d0b5d0bbd187d0b5d0b2_63dec8d02a5a9.jpeg)