Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во интервју за ТВ 21 порача дека изградбата на делниците од коридорите 8 и 10Д се од стратешки интерес за државата и воедно е најголемата инвестицијата во инфраструктурата во државата.
– 51 отсто од вредноста на проектот од 1,3 милијарди евра, ќе добијат нашите градежни компании, што е износ од 650 милиони евра, порача потпретседателот Битиќи.
Осврнувајќи се на мерките за замрзнување на цените, Битиќи посочи дека тие се почитуваат од сите синџири на маркети, но дека сепак постојат одредени прекршувања на зелените пазари, но дека надлежните инспекции постојано контролираат и прекршителите се санкционираат.
Потпретседателот Битиќи истакна дека Владата на СДСМ сериозно инвестира во земјоделството, но и дека воведува нови механизми со цел да нема злоупотреби од страна на лажни земјоделци при субвенционирањето, нешто што било пракса со години