Англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед доживеа тежок пораз на гостувањето кај шпанската Севиља (3:0) во реваншот од четвртфиналето во Лига Европа. Севиља со вкупни 5:2 продолжува во полуфиналето каде на мегдан ќе излезе со италијанскиот Јувентус. Шпанскиот тим не блеска во Ла Лига, но кога станува збор за настапите во ЛЕ не признава фаворити и му покажа на Манчестер јунајтед кој е „главен“ во ЛЕ.
Јувентус одигра 1:1 на гостувањето кај Спортинг Лисабон, што беше доволно за пласман во следната фаза, откако на првиот натпревар во Торино забележа победа од 1:0.
Третиот полуфиналист во Лигата на Европа е Баер Леверкузен кој на рутински начин го совлада Ројал Унион со 4:1 на гостински терен. Белгијците имаа 1:1 од гостувањето во Леверкузен, но не успеаја да го повторат добриот резултат на домашен терен.
Во полуфиналето ќе се сретнат Севиља – Јувентус, додека Баер Леверкузен го чека подобриот од натпреварот помеѓу Рома и Феенорд кои играат продолженија откако средбата во регуларниот дел заврши 2:1.