Според истражувањата и анализите од УНДП, Општина Центар е идентификувана како една од десетте општини кои се претставени како позитивен пример за финансиско работење по мерка на граѓаните.
На темата „Финансиско управување на локално ниво насочено кон граѓаните: пристап заснован врз податоци за позитивни отстапувања“, според прикажаните анализи Општина Центар останува да биде како позитивен пример за добар финаниски менаџмент, редовно сервисирање на преземените обврски, партципативно буџетирање, родово сензитивно буџетирање, високо ниво на реализација на буџетот и ниско задолжување. Во извештајот на УНДП се истакнува и остварената одлична комуникација на општината со невладиниот и бизнис секторот.
Локалната власт на Општина Центар успешно го креира Буџетот заедно со граѓаните, преку одржаните буџетски форуми во текот на годината, каде што на граѓаните им се дава можост и тие да учествуваат со нивни предлог идеи, барања и сугестии и заеднички да го креираат Нацрт-Буџетот на Општина Центар. Освен преку средбите, според УНДП, граѓаните ги користат и алатките на официјалната веб страница на општината и електронски да ги доставуваа своите предлози за креирање на буџетот.
Општината останува со позитивен тренд во преземање и остварување на локалните иницијативи и имплементирање на високо партиципативните буџетски практики. Ова истражување на УНДП беше направено според методологијата „Позитивно отстапување врз основа на анализа на податоци“.