Песната „Отрове“, која Северина ја отпеа во дует со колегата Јала Брат, достигна 100 милиони прегледи на „Јутјуб“.
Со ова достигнување се пофалија и двајцата со објава на „Инстаграм“.
„Скромни 100 милиони“, напиша Јала Брат во објавата која ја сподели и Северина.
Otrove е песната со најмногу прегледи на Јутјуб-каналот на хрватската пејачка. Следи песната Fališ која пејачката ја објави минатата година во соработка со бугарскиот пејач Азис. Fališ собра 64 милиони прегледи за една година. Потоа следуваат Tutorial, More tuge, Italiana и Rođeno moje која Северина му ја посвети на синот.
„Отрове“ беше објавена во март 2017 година како втор сингл од нејзиниот албум „Хало“, кој излезе две години подоцна. Песната за Северина ја напиша Јала Брат.
Спотот, во режија на Петар Пашиќ, е снимен на неколку локации во Белград, меѓу кои и „возот на мирот“, попознат како Синиот воз на Тито.