Ја известуваме јавноста дека утре, 21 април 2023 година, за време на државниот
празник – Рамазан Бајрам, јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на
печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање,
односно нема да се врши наплата на истите.
Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе
бидат слободни за паркирање – без наплата.
Јавните паркиралишта пак, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка
Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно
работно време и наплата од 00:00 до 24:00 часот.
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, им го честита Рамазан Бајрам, на сите граѓани на
Република Македонија, кои го слават овој празник.