Спинуваните вести дека Левица во Битола партиципирала во ново мнозинство на Советот на Општина Битола најостро ја отфрламе како лага!
Денес советниците од СДСМ и коалицијата ја напуштија Салата на Советот на Општина Битола, а веднаш потоа им се придружи и претседателката на Советот од Поинаку, Габриела Илиевска.
Кога претседателот на Совет е отсутен, со Советот претседава најстариот член на Советот.Ги демантираме сите шпекулации дека Левица е дел од било какво мнозинство, бидејќи токму советниците на Левица гласаа против сите завршни извештаи на јавните претпријатија.