Случајот „Парцели во Лисиче” покажа дека градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски е ист како скопската градоначалничка Данела Арсовска, едно зборува пред избори, а друго прави кога е на власт.
Муцунски пред изборите ветуваше зеленило, стоп на бетонизација, паркови, бришење маркици, а како градоначалник го прави спотивното – бетонизација, парцели за згради, уништување на зеленило.
И Муцунски исто како Арсовска, троши стотици илјади евра за вработување на партиски кадри, додека со пет милиони евра сака да ја задолжи општина Аеродром, една од најбогатите општини во државата.
Муцунски исто како Арсовска за една и пол година не реализираше ниту еден свој проект.
Како Арсовска што ги разочара скопјани, Муцунски ги разочара граѓаните на општина Аеродром.