Алек Болдвин ослободен од обвинението за убиството на снимателката за време на снимањето на филмот „Рѓа“

Отфрлени се кривичните пријави против актерот Алек Болдвин во врска со фаталното пукање на снимањето на филмот „Рѓа“ во октомрви 2021. Тој беше обвинет за убиство од небрежност откако случајно ја застрела кинематограферката Халина Хачинс од пиштол-реквизит во кој имало вистински куршум.

Судењето за овој инцидент требаше да почне за помалку од две недели.

„Во изминатите неколку дена се појавија нови факти. Одлуката не го ослободува Болдвин од кривична вина и обвиненија можат повторно да се поднесат. Нашата истрага останува активна“, кажаа специјалните обвинители на Ново Мексико, Кари Морисеј и Џејсон Луис.

Болдвин вешбал пукање од пиштол на сетот кај Санта Фе кога тој испукал, при што загина 42-годишната Хачинс, а режисерот Џоел Соуза беше повреден. Болдвин негираше дека го повлекол чкрапалото, но ФБИ заклучи дека пиштолот не можел да испука без да се повлече чкрапалото. Тој требаше да се појави во суд на 3 мај.

Според „Лос Анџелес тајмс“, обвинителите неодамна дознале дека чкрапалото на пиштолот било изменето, со што било поверојатно дека можел случајно да испука.

Треба да знаете
Последни објави