Арсенал се одалечува од титулата, одигра реми со Саутемптон

Екипата на Арсенал направи трет кикс на патот кон титулата. По ремијата со Вест Хем и Ливерпул, тимот одигра нерешено и со фенерџијата Саутемптон (3-3) и така Манчестер Сити ја има судбината во свои раце пред меѓусебната пресметка на „Етихад“ во среда.

Натпреварот почна како од соништата за Саутемптон. По само 30 секунди игра, гостинот дојде до предност на „Емирати“ со голот на Алкараз. По 13 минути подоцна Саутемптон имаше и предност од 0-2 со голот на поранешниот „топџија“ Тео Волкот кој уште повеќе ги смрзна луѓето кои некогаш го поддржуваа.

Домашниот тим во живот го врати Мартинели кој во 20. минута намали на 1-2, а по голема борба тоа беше резултатот и на паузата. Во 66. минута хрватскиот фудбалер Чалета-Цар зголеми на 1-3 и го фрли Саутемптон кој се бори за опстанок во делириум.

Сепак, Арсенал во самиот финиш се врати и освои барем бод. Во 88. минута Одегард и во 90. минута Сака погодија за 3-3. Домаќините можеа и да победат, но рамката од голот на Саутемптон се стресе во 93. минута кога шутираше Тросар.

Треба да знаете
Последни објави