Германија му приреди шок на Зеленски

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека сега не е време за да се донесе одлука за членство на Украина во НАТО. Ова значи дека најголемата желба на украинскиот претседател Волдомир Зеленски, со која гледа начин и за запирање на огнот, нема да се оствари.

„Членството на Украина во НАТО во моментов не е на дневен ред“, изјави Писториус за ЗДФ.

Според германскиот министер, нема простор да има брза одлука дали Украина ќе влезе во ЕУ или НАТО.

„Вратата е отворена, но сега не е време да се донесе одлука“, смета Писториус.

Тој додаде дека пристапот на Украина во НАТО мора да се размислува по завршувањето на војната, а не „сега од солидарност“. Писториус смета дека Украина мора да ја добие војната, но дека тоа не мора да значи дека војната ќе се добие воено.

„Целта мора да биде мировен договор кој вклучува повлекување на Русија“, рече Писториус.

Зеленски во низа наврати повикуваше да се одобри нивното членство во НАТО, а искажуваше и силна надеж дека тоа навистина ќе се случи.

Треба да знаете
Последни објави