Николоски до Ковачевски: На лагата и се кратки нозете, призна дека над 70% од работниците на коридорот ќе бидат странци, ќе одговарате

Вечерва Премиерот Ковачевски го призна тоа што го објавив пред два дена, а денес и со документи, а тоа се сознанијата поврзани со спорниот договор за автопатите кои се однесуваат на: – Ангажман на дури 70% странски работници и само 30% домашни во изградбата – Работа на странци без работни дозволи и дозволи за престој Да потсетам до пред некој ден тврдеше дека 51% од работниците ќе се домашни (види слика 1) , за денес соочен со документи да ретерира и признае дека 70% од работниците ќе се странци, а со тоа и парите на македонските граѓани ќе одат надвор. Денес Ковачевски ја демантира својата партија СДСМ која тврдеше дека лажам. Ама јас не лажам зашто секогаш зборувам со документи (види слика 2) и факти. На лагата и се кратки нозете. А на Ковачевски и Груби им е очевидна злоупотребата за која ќе има одговорност.

Треба да знаете
Последни објави