Последната снимка од Александар Јовановиќ (18) од Сремска Митровица пред фаталното исчезнување на 15 април ја објави српски„Блиц“ откако тој незабележано излегол од куќата, а семејството се сомнева дека младиот човек скокнал во Сава.
На видеото кое го испратило неговото семејство, Александар е видно вознемирен и лут, а низ солзи зборува. Она што е застрашувачко е делот во кој исчезнатиот млад човек коментира за смртта на млади луѓе, непосредно пред неговото исчезнување. На екранот на неговиот лаптоп се наредени слики од четворица млади момчиња и девојче. Александар наизменично коментира и објаснува како згаснале овие животи.
-Три месеци беше на кислородна поддршка и умре.. Овој вториот овде, го уби неговиот најдобар пријател, поради девојка му. Смешно. Третиот имал болест во основно училиште, тумор на мозокот. Четвртиот го удрил наркоман, 170 на час со БМВ. И оваа ја силувал некој лик. И тогаш некој ми вели, ај, имаш 18 години, ништо не знаеш“ – вели Александар во видеото.
Мајката на исчезнатиот Александар вели дека тој често играл игри и стримувал.
– Често играше игри и стримуваше, но беше и многу социјално дете. Дознав дека на денот кога исчезнал напишал на интернет дека „храбрите луѓе не се плашат од смртта“. Потоа за време на стримингот, како што рекоа децата со кои беше на таа онлајн врска, тој почна да плаче и на микрофон им кажа дека „веќе не може да трпи ваков живот“ и се исклучи – вели мајката за „Блиц“ во плачлив глас.