Татко и ќерка исчезнаа, британската полиција на нозе

Британската полиција соопшти дека е „крајно загрижена“ за тригодишната Дуња и нејзиниот татко кои исчезнаа од Блекпул на 10 април.

Ахмед Карван Абдула (36) и Дуња Абдула (три) последен пат биле видени на шеталиште во приморскиот град, се вели во соопштението на полицијата во Ланкашир.

Тие беа пријавени за исчезнати на 18 април. Ахмад има кафени очи, кратка црна коса и темна брада, додека девојката Дуња има кадрава коса до рамениците и кафени очи.

Полицајците веруваат дека можеби се уште се во Блекпул, но можеле да одат подалеку.

„Ние сме крајно загрижени за Ахмед и Дуња и не е нормално вака да исчезнат. Треба да ги пронајдеме таткото и ќерката за да се увериме дека се безбедни и здрави. Не се видени од 10 април“, соопшти полицијата, пренесува Sky News.

Треба да знаете
Последни објави