На социјалните мрежи кружи видео од грозоморно насилство од врсници во Нови Сад, а полицијата утврдува кое е момчето кое било претепано, пишува Нова.рс.
На снимката се гледа дека момчето добива неколку удари во пределот на главата и телото.
Полицијата се обидува да утврди кое е момчето, како и околностите во кои е снимено видеото.
Jezivo! Neka neko reaguje!!! pic.twitter.com/2LPgSLhcq6
— Lovac na neke od njih! (@Sabljalo) April 21, 2023
„Следбениците, доколку можат да го идентификуваат ова момче, се замолуваат да се обратат во инбокс. Претпоставката е дека е од околината на Телеп. Беше претепан, можеби е тешко повреден, па добивме барање од државните органи да се вклучиме и да му помогнеме побрзо да го идентификува“, велат загрижени граѓани на социјалните мрежи.