Еден од нишките лекари-херои, работи привремено и договорот му го продолжуваат на три месеци

Доктор Бранислав Јовановиќ од Ниш пет години волонтирал во Универзитетскиот клинички центар Ниш, сам се финансирал, родителите му помагале колку што можеле и успеал да специјализира анестезиологија, пишува Нова.рс.

„Сега е еден од најдобрите меѓу нас, а работи на привремен, срамен договор, кој раководството го продолжува на секои три месеци. На овој начин го навредуваат него и сите млади колеги кои би се осмелиле да тргнат по неговите стапки, а потоа се чудиме зошто нашите лекари одат во Германија, Норвешка, Канада, вели проф. д-р Драган Милиќ, директор на Клиниката за кардиохирургија на Универзитетскиот медицински центар Ниш, во чиј тим е д-р Јовановиќ.

Клиниката на д-р Милиќ и неговиот тим се прослави со нивниот херојски потфат и операциите што ги правеа бесплатно во текот на 12 викенди и со тоа целосно ги укинаа листите на чекање.

„Поминувам часови, денови, недели убедувајќи ги моите лекари да не одат во Норвешка и Германија, да останат тука и да се грижат за нашите пациенти. Еден од најдобрите специјалисти анестезиолози д-р Бранислав Јовановиќ пет години волонтираше во нашиот Клинички центар и сè уште не го решил статусот, што е голем срам за институцијата и за целиот здравствен систем на Србија. Тој доби привремена работа во 2020 година кога започна пандемијата на Ковид. Да не беше вирусот, којзнае колку долго ќе траеше неговиот волонтерски стаж. Тие договори се одолговлекуваат веќе три години, се продолжуваат на неколку месеци“, вели проф. д-р Милиќ и додава:

„Последен пат договорот го потпишал во декември 2022 година и наскоро му истекува, па да видиме каков ќе биде следниот“, вели директорот на Клиниката во Ниш.

Треба да знаете
Последни објави