Мбапе со два гола му пресуди на Анже

ПСЖ славеше на гостувањето кај Анже со 2-1 и така продолжи да чекори кон уште една титула во француската Лига 1.

Килијан Мбапе ги постигна двата гола за парижаните уште во првото полувреме, и тоа во деветтата и во 26. минута од средбата, по што домаќините во завршницата намалија на 1-2.

Парижаните имаат 75 бодови на првата позиција, односно 11 повеќе од Олимпик Марсеј и 12 повеќе од Ленс.

Треба да знаете
Последни објави